Глас на Америка ▪Macedonian
Вашиот прозорец кон САД

Текстуална верзија
Search

Економската криза во фокус на ТВ-дуелот на американските претседателски кандидати

08/10/2008

Barack Obama, left, and John McCain meet for second debate
На втората од вкупно трите дебати, сенаторот Мекејн ја фрли кривицата за кризата врз алчноста и неумереноста во Вашингтон и на Волстрит.  На ТВ-дуелот во Нешвил, сојузната држава Тенеси, што се одржа во форма на средба со граѓани кои поставуваа прашања, Обама кажа дека неговиот план за решавање на кризата вклучува земјата да стане енергетски независна, а федералната влада наново да ги уговори условите за лошите кредити со цел да им помогне на Американците да ги задржат своите домови купени на тој начин. 

 

Сенаторот Обама оцени дека САД се наоѓаат во најлоша финансиска криза од времето на Големата депресија, како и дека проблемите се „конечната пресуда“ за пропаднатата економска политика на претседателот Џорџ Буш што ја имала поддршката на Мекејн. 

 

По прашањето за климатски промени, Обама смета дека наредниот претседател мора да инвестира во алтернативни извори на енергија, како сончевата, од ветрот, и нуклеарната.  Демократскиот претседателски претендент процени дека лесно би се создале 500 милиони нови работни места за поддршка на новата енергетска економија.  Но, Обама предочи дека САД не ќе можат да излезат од енергетската криза преку предложеното нафтено дупчење долж американското крајбрежје.  Владата мора да работи со приватните компании за да развијат економски оправдани алтернативни горива што би можеле да се извесуваат во енергетски гладните земји како Кина, рече Обама. 

За Мекејн, најдобар начин да се реши енергетската криза е да се инвестира во нуклеарната енергија, а крајбрежното нафтено дупчење е витално за зголемување на понудата и намалување на побарувачката.  Републиканскиот кандидат за претседател подвлече дека се дистанцирал од владата на Буш по прашањето за климатски промени, како и дека поднел легислатива за справување со ситуацијата.

Мекејн се обидува да ја намали предноста на Обама во анкетите на национално ниво.  

 
Според најново истражување во една од клучните сојузни држави за крајниот исход - Охајо, Обама добил подобри оценки за економската политика.  Истражувањето на Вашингтон Пост и Еј-Би-Си дава предност на Обама со 51 процент пред Мекејн со 45.  Според националната анкета на Си-Ен-Ен, пак, соодносот Обама – Мекејн е 53 - 45 проценти – двојно поголем од септември.  Но, во анкетата на Ројтерс, Си-спен и Зогби, Обама има предност од само три проценти. 




emailme.gif Испрати по електронска пошта
printerfriendly.gif Верзија за печатење

  Главно
Клучните економски експерти велат дека САД се во рецесија

  Повеќе
Работна група на Конгресот предупредува на опасност од голем терористички напад во наредните пет години
Клучни избори за сенатско место во Џорџија
Буш жали за неуспехот на разузнавањето во однос на Ирак
Пакистан нуди помош во истрагата за нападите во Мумбај
Наука – раскажана, појасна, попривлечна
Хилари Клинтон – довчерашен ривал на Обама, сега негов избор за државен секретар  
Обама ја именува Хилари Клинтон за главен американски дипломат
Роберт Гејтс останува  секретар за одбрана  Video clip available
Рајс го повика Пакистан да соработува во истрагата за нападите во Мумбај
Индискиот премиер вели дека седиштето на напаѓачите не е во Индија
Претседателот Буш помилува две мисирки
САД предупредуваат за потенцијален терористички напад во Њујорк