Глас на Америка ▪Macedonian
Вашиот прозорец кон САД

Текстуална верзија
Search

Гејтс:  САД силно ја поддржуваат Македонија во нејзините евро-атлантски интеграции


08/10/2008
Гејтс: САД силно ја поддржуваат Македонија во нејзините евро-атлантски интеграции - Преземете (WM) video clip
Гејтс: САД силно ја поддржуваат Македонија во нејзините евро-атлантски интеграции - Watch (WM) video clip

Robert Gates at NATO defense ministers' meeting in London, 19 Sept. 2008
„За Република Македонија има само еден пат кон НАТО.  САД силно ја поддржуваат Македонија во нејзините евро-атлански интеграции“, изјави денеска во Охрид американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс на јубилејниот десетти годишен состанок на министрите за одбрана на земјите од Југоисточна Европа.

Гејтс на прес-конференцијата во рамки на средбата кажа дека тоа што Македонија не доби покана за прием на Самитот на НАТО во Букурешт било „најголемо разочарување, за сите нас“.  Првиот човек на Пентагон побара Република Македонија и Грција итно да најдат решение за разликите околу името и коментираше дека тоа е во најдобар интерес за обете страни.  Гејтс и` се заблагодари на Република Македонија и на другите земји-членки во процесот на соработка во полето на одбраната во Југоисточна Европа за учеството во мировните мисии.

Премиерот на Република Македонија Никола Груевски посочи дека Македонија останува длабоко посветена на вредностите на регионалната стабилност и е максимално посветена да ја сподели својата одговорност со останатите земји членки на НАТО и ЕУ.


Министрите за одбрана на регионот донесоа заеднички заклучок со кој се обврзуваат дека и понатаму ќе работат на заживување на регионалната стабилност и мирот.

emailme.gif Испрати по електронска пошта
printerfriendly.gif Верзија за печатење

  Главно
Клучните економски експерти велат дека САД се во рецесија

  Повеќе
Клучни избори за сенатско место во Џорџија
Буш жали за неуспехот на разузнавањето во однос на Ирак
Пакистан нуди помош во истрагата за нападите во Мумбај
Наука – раскажана, појасна, попривлечна
Хилари Клинтон – довчерашен ривал на Обама, сега негов избор за државен секретар  
Обама ја именува Хилари Клинтон за главен американски дипломат
Роберт Гејтс останува  секретар за одбрана  Video clip available
Рајс го повика Пакистан да соработува во истрагата за нападите во Мумбај
Индискиот премиер вели дека седиштето на напаѓачите не е во Индија
Претседателот Буш помилува две мисирки
САД предупредуваат за потенцијален терористички напад во Њујорк