Глас на Америка ▪Macedonian
Вашиот прозорец кон САД

Текстуална верзија
Search

Намалување на каматните стапки – добар потeг, велат претседателските кандидати

08/10/2008

Democratic presidential candidate Sen. Barack Obama, D-Ill.,(R) and Republican presidential candidate Sen. John McCain, R-Ariz., shake hands before the start of the town hall-style presidential debate in Nashville, Tenn., 08 Oct 2008
Американските претседателски кандидати  Џон Мекејн и Барак Обама  денес го пофалија  координираниот чекор  на централните  банки во светот за намалување на  каматните стапки со цел да се избегне  глобална рецесија.

Во соопштение Обама кажа :„Ова е глобална криза  што бара глобално решение“. Мекејн, пак, во соопштение  рече дека  е „императив“ да се  обнови  довербата во американскиот  финансиски систем  додека економските превирања се шират низ светот.
И двајцата кандидати  се на кампања во  држави од каде  гласовите се клучни за победа, еден ден по нивната втората  телевизиска дебата на која  се напаѓаа меѓусебно за финансиската криза.

Обама го обвини републиканскиот  ривал за поддршка на дерегулацијата која придонесе  до оваа  економска криза. Мекејн го отфрли обвинувањето и предложи план од 300 милијарди  долари за владата да ги купи  лошите  станбени кредити.

Дебатата беше шанса за  сенаторот од Аризона да ја продаде на гласачите својата економска политика  откако  истражувањата на јавно мислење покажаа дека финансискиот  распад ја зајакна  поддршката за  неговиот демократски опонент.

Две нови анкети  направени после дебата  покажуваат дека повеќето испитаници сметаат оти Обама излегол како победник од дебатата.

emailme.gif Испрати по електронска пошта
printerfriendly.gif Верзија за печатење

  Главно
Клучните економски експерти велат дека САД се во рецесија

  Повеќе
Работна група на Конгресот предупредува на опасност од голем терористички напад во наредните пет години
Клучни избори за сенатско место во Џорџија
Буш жали за неуспехот на разузнавањето во однос на Ирак
Пакистан нуди помош во истрагата за нападите во Мумбај
Наука – раскажана, појасна, попривлечна
Хилари Клинтон – довчерашен ривал на Обама, сега негов избор за државен секретар  
Обама ја именува Хилари Клинтон за главен американски дипломат
Роберт Гејтс останува  секретар за одбрана  Video clip available
Рајс го повика Пакистан да соработува во истрагата за нападите во Мумбај
Индискиот премиер вели дека седиштето на напаѓачите не е во Индија
Претседателот Буш помилува две мисирки
САД предупредуваат за потенцијален терористички напад во Њујорк