Глас на Америка ▪Macedonian
Вашиот прозорец кон САД

Текстуална верзија
Search

Василакис против двојната формула, Димитров очекува „конкретен чекор“


08/10/2008
Василакис против двојната формула, Димитров очекува „конкретен чекор“ - Преземете (MP3) video clip
Василакис против двојната формула, Димитров очекува „конкретен чекор“  - Watch (MP4) video clip

Посредникот во македонско-грчките преговори за разликите околу името Метју Нимиц во својата адвокатска канцеларија во Њујорк одржа одвоени средби со грчкиот преговарач Адамантиос Василакис, а потоа и со македонскиот, Никола Димитров и шефот на Кабинетот на премиерот Никола Груевски, Мартин Протуѓер.

На прашање дали е задоволен од разговорот, Василакис по едночасовната средба изјави дека се` уште е рано за конкретни оценки, како и дека не очекува ништо ново од утрешната заедничка средба.  На посредникот Нимиц му најавил дека ако другата страна инсистира на двојната формула, евентуалниот нов предлог ќе биде мртов. 


Димитров очекува Нимиц утре да направи „конкретен чекор“:

- Од наша страна беше направено се` да се зајакнат македонските позиции во овој процес и да се заштитат интересите на државата и на нацијата.  Во рамки на овој контекст и на она што е можно, беше направено се`.  Очекуваме утре да има кратка заедничка средба и најверојатно ќе има извесен конкретен чекор од страна на посредникот Нимиц, рече Димитров по одвоената средба со претставникот на ОН задолжен за преговорите
.

За утре е најавена и заедничка прес-конференција на Нимиц, Димитров и Василакис во седиштето на ОН.

 

emailme.gif Испрати по електронска пошта
printerfriendly.gif Верзија за печатење

  Главно
Клучните економски експерти велат дека САД се во рецесија

  Повеќе
Работна група на Конгресот предупредува на опасност од голем терористички напад во наредните пет години
Клучни избори за сенатско место во Џорџија
Буш жали за неуспехот на разузнавањето во однос на Ирак
Пакистан нуди помош во истрагата за нападите во Мумбај
Наука – раскажана, појасна, попривлечна
Хилари Клинтон – довчерашен ривал на Обама, сега негов избор за државен секретар  
Обама ја именува Хилари Клинтон за главен американски дипломат
Роберт Гејтс останува  секретар за одбрана  Video clip available
Рајс го повика Пакистан да соработува во истрагата за нападите во Мумбај
Индискиот премиер вели дека седиштето на напаѓачите не е во Индија
Претседателот Буш помилува две мисирки
САД предупредуваат за потенцијален терористички напад во Њујорк