Глас на Америка ▪Macedonian
Вашиот прозорец кон САД

Текстуална верзија
Search

Нов предлог од Нимиц – на потег се Република Македонија и Грција

09/10/2008
Нов предлог од Нимиц – на потег се Република Македонија и Грција - Преземете (WM) video clip
Нов предлог од Нимиц – на потег се Република Македонија и Грција - Watch (WM) video clip


Посредникот на ОН Метју Нимиц излезе со нов предлог за решавање на разликите околу името, побара побара владите во Скопје и Атина наскоро да одговорат на предлогот и најави дека дијалогот ќе продолжи.

Како и вообичаено, Нимиц во седиштето на ОН дојде прв во закажаното време за почеток на новата рунда преговори.  Во пријателска атмосфера, преговарачите пред средбата разговараа за неформални теми.

Средбата зад затворени врати траеше околу еден час.

Посредникот Метју Нимиц рече дека со преговарачите разговарал за тоа до каде е процесот и дека им поднел „нова рамка на идеи“ преточени во предлог.

Неофицијално, предлогот содржи едно име со географска одредница - најверојатно „Северна Македонија“.  Најавите се дека употребата на ова име е во полза на Македонија, како и дека тоа не е задолжително, што би значело дека други држави ќе може да ја ословуваат земјата онака како што претходно решиле.  По оваа рунда разговори и натаму е нејасно како предлогот го третира идентитетот на македонската нација и јазикот.

- Мислам дека презентирав, чесен, достоинствен предлог на кој може да се работи, за конечно решение.  Останува на двете страни да го разгледаат, и од аспект на нивниот национален интерес и политика да се изјаснат што е добро за нив, рече Нимиц.

На прашање дали неусогласенената позиција на македонскиот државен врв на релација шеф на држава – премиер негативно се одразила на преговарачкиот процес, Нимиц одговори:


-Внатрешните прашања во една од земјите - на што алудирате - не влијаат врз мене, затоа што тоа е внатрешна работа.  Мојата задача е да се бавам со преговорите меѓу две земји, држави во ОН.

Нимиц истакна дека нема временски рок до кога очекува одговор од владите во Скопје и Атина. Тој истакна дека речиси 10 години е вклучен во процесот и дека не доликува на неговата функција да излезе со предлог од типот – земи или остави.  Немам моќ да поставувам ултиматуми, потенцираше Нимиц.

 

emailme.gif Испрати по електронска пошта
printerfriendly.gif Верзија за печатење

  Главно
Клучните економски експерти велат дека САД се во рецесија

  Повеќе
Работна група на Конгресот предупредува на опасност од голем терористички напад во наредните пет години
Клучни избори за сенатско место во Џорџија
Буш жали за неуспехот на разузнавањето во однос на Ирак
Пакистан нуди помош во истрагата за нападите во Мумбај
Наука – раскажана, појасна, попривлечна
Хилари Клинтон – довчерашен ривал на Обама, сега негов избор за државен секретар  
Обама ја именува Хилари Клинтон за главен американски дипломат
Роберт Гејтс останува  секретар за одбрана  Video clip available
Рајс го повика Пакистан да соработува во истрагата за нападите во Мумбај
Индискиот премиер вели дека седиштето на напаѓачите не е во Индија
Претседателот Буш помилува две мисирки
САД предупредуваат за потенцијален терористички напад во Њујорк