Глас на Америка ▪Macedonian
Вашиот прозорец кон САД

Текстуална верзија
Search

Американската влада размислува дали да купи банкарски акции

09/10/2008

                                                                                                                                                                                                                                                                                                                        

Dana Perino (undated photo)
Портпаролката на Белата куќа Дејна Перино вели дека владата размислува дали да купи акции во некои од американските банки, за да ја смири нервозата на финансиските пазари. Таа потврди дека САД разгледуваат таков план. Тоа директно би внело извесна количина на готови пари во банкарскиот систем на земјата, а целта е да ги охрабри банките одново да почнат да даваат заеми
.

Директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Доминик Страс-Кан оцени дека светот е на раб на глобална рецесија, но предвидува дека економијата ќе започне да се опоравува кон 

крајот на 2009-та. Страс-Кан кажа и дека земјите мора да спроведат заедничка акција за да избегнат глобална рецесија, како и дека не постои „домашно решение“ за кризата. Тој смета дека овонеделните координирани кратења на каматните стапки ширум светот се добар пример за меѓународна соработка потребна за обнова на разнишаната економија.

Страс-Кан информираше дека ММФ активирал вонредна програма што овозможува Фондот побрзо и полесно да дава заеми на земјите во развој кои имаат економски проблеми.



emailme.gif Испрати по електронска пошта
printerfriendly.gif Верзија за печатење

  Главно
Клучните економски експерти велат дека САД се во рецесија

  Повеќе
Клучни избори за сенатско место во Џорџија
Буш жали за неуспехот на разузнавањето во однос на Ирак
Пакистан нуди помош во истрагата за нападите во Мумбај
Обама ја именува Хилари Клинтон за главен американски дипломат
Хилари Клинтон – довчерашен ривал на Обама, сега негов избор за државен секретар  
Роберт Гејтс останува  секретар за одбрана  Video clip available
Рајс го повика Пакистан да соработува во истрагата за нападите во Мумбај
Индискиот премиер вели дека седиштето на напаѓачите не е во Индија
Претседателот Буш помилува две мисирки
САД предупредуваат за потенцијален терористички напад во Њујорк
Уште едно име за економскиот тим на Обама
Концерт на маестро Борис Трајанов во Вашингтон  Video clip available