Глас на Америка ▪Macedonian
Вашиот прозорец кон САД

Текстуална верзија
Search

Поради финансиската криза – по грешка исфрлени на улица 

09/10/2008

Финансиската криза во САД негативно се рефлектира на локално ниво – некои Американци се жалат дека по грешка се исфрлени на улица.

Шерифот Том Дарт од Полициската станица во областа Кук во Чикаго вели дека кризата во индустријата на домување предизвикува сериозни неправди и дека тој се обидува да ги спречи. 

Некои сопственици на стамбени комплекси и поединечни домови поради неплаќање на кредитите ги губат своите имоти и тие запаѓаат во сопственост на банките што ги дале кредитите.  Шерифот Дарт според законот е задолжен за исфрлање на станарите од таквите имоти.  Но, тој вели дека во некои случаи таму живеат кираџии кои редовно ја плаќаат киријата на сопствениците на имотите и кои не сториле ништо лошо.  Па сепак, завршиле со покуќнината – на улица, и тоа без никакво предупредување. 

Шерифот Дарт вели дека ќе продолжи со исфрлање само откако банките ќе утврдат кој живее во имотите – сопственикот кој не го плаќал кредитот, или пак кираџија.  Законот налаг кираџиите да добијат навремено известување за иселување пред да бидат сосила исфрлени. 

Според медиумските извештаи, еден на секои 400 дома е во фаза да западне во сопственост на банките поради тоа што сопственикот не е во можност да го исплаќа кредитот, или пак да земе нов.

emailme.gif Испрати по електронска пошта
printerfriendly.gif Верзија за печатење

  Главно
Клучните економски експерти велат дека САД се во рецесија

  Повеќе
Клучни избори за сенатско место во Џорџија
Буш жали за неуспехот на разузнавањето во однос на Ирак
Пакистан нуди помош во истрагата за нападите во Мумбај
Наука – раскажана, појасна, попривлечна
Хилари Клинтон – довчерашен ривал на Обама, сега негов избор за државен секретар  
Обама ја именува Хилари Клинтон за главен американски дипломат
Роберт Гејтс останува  секретар за одбрана  Video clip available
Рајс го повика Пакистан да соработува во истрагата за нападите во Мумбај
Индискиот премиер вели дека седиштето на напаѓачите не е во Индија
Претседателот Буш помилува две мисирки
САД предупредуваат за потенцијален терористички напад во Њујорк