Глас на Америка ▪Macedonian
Вашиот прозорец кон САД

Текстуална верзија
Search

Обама и Мекејн во битка за гласачи во клучните сојузни држави 

09/10/2008

                                                                                                                                                                                                                                                                                                                         

Barack Obama, left, and John McCain meet for second debate
Американските претседателски кандидати Барак Обама и Џон Мекејн се фокусираат на економијата во кампањата во клучните сојузни држави, на само еден месец пред изборите. 

Обама на собир во Дејтон, сојузната држава Охајо, ја фрли кривицата за економската состојба врз „алчноста и неодговорноста“ во берзанскиот сектор и предупреди дека ќе биде потребно долго време за нормализација на ситуацијата.

Демократскиот сенатор од Илиноис побара владата да преземе мерки против „кредиторите грабливци“.  Обама кажа дека измамите во областа на давањето кредити за домување треба да се третираат како криминал, а на даночните обврзници да им се даде можност да добијат дел од бенефициите кога ќе се нормализира ситуацијата на пазарот.

Републиканецот Мекејн од кампањата во сојузната држава Висконсин порача дека Американците се соочени со најголемата финансиска криза во животот.  Сенаторот од Аризона рече дека неговиот план за решавање на ситуацијата става акцент на средиштето на проблемот – кризата во индустријата на домување –со тоа што предвидува федералната влада да ги купува деликвентните кредити за домови под хипотека и да ги замени со нови што Американците ќе може да ги отплаќаат. 

Според најнова анкета на Галуп, Обама води пред Мекејн со 52 наспроти 41 процент.

 

emailme.gif Испрати по електронска пошта
printerfriendly.gif Верзија за печатење

  Главно
Клучните економски експерти велат дека САД се во рецесија

  Повеќе
Работна група на Конгресот предупредува на опасност од голем терористички напад во наредните пет години
Клучни избори за сенатско место во Џорџија
Буш жали за неуспехот на разузнавањето во однос на Ирак
Пакистан нуди помош во истрагата за нападите во Мумбај
Наука – раскажана, појасна, попривлечна
Хилари Клинтон – довчерашен ривал на Обама, сега негов избор за државен секретар  
Обама ја именува Хилари Клинтон за главен американски дипломат
Роберт Гејтс останува  секретар за одбрана  Video clip available
Рајс го повика Пакистан да соработува во истрагата за нападите во Мумбај
Индискиот премиер вели дека седиштето на напаѓачите не е во Индија
Претседателот Буш помилува две мисирки
САД предупредуваат за потенцијален терористички напад во Њујорк