Глас на Америка ▪Macedonian
Вашиот прозорец кон САД

Текстуална верзија
Search

Бугајски се надева на компромис околу името, предочува дека во спротивно има опасност од нестабилност во регионот

10/10/2008
Бугајски се надева на компромис околу името, предочува дека во спротивно има опасност од нестабилност во регионот - Преземете (WM) video clip
Бугајски се надева на компромис околу името, предочува дека во спротивно има опасност од нестабилност во регионот - Watch (WM) video clip

                                                                                                                                                                                                                                                                                   

[insert caption here]

„На двете страни треба да им се укажат алтернативите ако не дојде до компромис, како што е можноста за зголемување на нестабилноста на Балканот“, вели Јануш Бугајски од Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон во кусото интервју за Гласот на Америка на македонски.

- Мислам дека ќе има компромис, а тоа ќе биде модифицирано име што не го поткопува македонскиот идентитет и нејзината меѓународна позиција.  Јас сметам дека - да се надеваме - ќе се случи до министерскиот совет, но најверојатно пред следниот Самит на НАТО, смета Бугајски.

На која од страните во процесот треба да биде насочен притисок да се постигне решение?  Бугајски вели:

Јане Бојаџиевски во разговор со аналитичарот Јануш Бугајски
Јане Бојаџиевски во разговор со аналитичарот Јануш Бугајски
-
Не треба да има притисок. Треба да има разбирање на двете страни – тие имаат специфични позиции што треба да се ускладат.  На двете страни треба да им се укажат алтернативите, ако не дојде до компромис, како можноста за зголемување на нестабилноста на Балканот.

На прашање дали грчката страна има разбирање колку на Македонија и е` важен идентитетот и јазикот, Бугајски коментираше дека Грција разбира, но дека вистинското прашање е дали прифаќа име на држава што нема претензии спрема нејзиното наследство или идентитет.

Дали се можни промени на политиката на САД спрема Македонија по претседателските избори во ноември?

- Не гледам некои големи разлики меѓу двата кандидати за иднината на уставното име на земјата или името на државата која се користи во меѓународните односи. Мислам дека обајцата сакаат да видат компромис за името, рече Бугајски.

 

emailme.gif Испрати по електронска пошта
printerfriendly.gif Верзија за печатење

  Главно
Клучните економски експерти велат дека САД се во рецесија

  Повеќе
Работна група на Конгресот предупредува на опасност од голем терористички напад во наредните пет години
Клучни избори за сенатско место во Џорџија
Буш жали за неуспехот на разузнавањето во однос на Ирак
Пакистан нуди помош во истрагата за нападите во Мумбај
Наука – раскажана, појасна, попривлечна
Хилари Клинтон – довчерашен ривал на Обама, сега негов избор за државен секретар  
Обама ја именува Хилари Клинтон за главен американски дипломат
Роберт Гејтс останува  секретар за одбрана  Video clip available
Рајс го повика Пакистан да соработува во истрагата за нападите во Мумбај
Индискиот премиер вели дека седиштето на напаѓачите не е во Индија
Претседателот Буш помилува две мисирки
САД предупредуваат за потенцијален терористички напад во Њујорк