Глас на Америка ▪Macedonian
Вашиот прозорец кон САД

Текстуална верзија
Search

Лидерите на Г-7 во Вашингтон; Буш сеуште оптимист  за иднината

10/10/2008

Лидерите на најголемите економии во светот денес го конфронтираат глобалниот финансиски систем во распаѓање, со собир во Вашингтон чија цел е да се најдат решенија за берзата, за замрзнатиот кредитен пазар и за стравот дека светот оди во рецесија.


Амариканските пазари на акции паднаа за околу пет проценти во утринската размена, по големите загуби во четвртокот. Клучните европски индекси на акции се намалија за девет до десет проценти во попладневната трговија . Во Русија финансиските регулатори ја суспендираа трговијата на две главни берзи за неодредено време. Јапонскиот индекс Никеи на затворањето беше паднат за десет проценти, најголема загуба за еден ден од 1987 наваму.

Официјални лица од Г-7 индустријализирани нации, САД, Јапонија, Британија, Германија, Франција, Канада и Италија се собираат во Вашингтон пред средбата на ММФ, а со претседателот Буш ќе се сретнат во сабота.

Во меѓувреме американските претставници на секторот може да земат предвид план кој би помогнал да се олесни кредитната стега што ја предизвика сегашната криза.


Интернет верзијата на Вол Стрит Џурнал денес вели дека САД може да решат да дадат гаранција за милијарди долари банкарски долг и привремено да ги осигураат сите американски банкарски депозити.

Во телевизиско обраќање утринава господинот Буш се обиде да ги разувери инвеститорите во светот. Тој кажа дека се преземаат агресивни мерки за решавање на кризата и го обвини стравот за она што тој го нарече – запрепастувачки пад на вредноста на акциите. Американскиот претседател рече дека САД се богата држава со средства и ресурси за решавање на ваков вид проблеми и ги поттикна Американците да имаат верба во иднината на државата.

emailme.gif Испрати по електронска пошта
printerfriendly.gif Верзија за печатење

  Главно
Клучните економски експерти велат дека САД се во рецесија

  Повеќе
Клучни избори за сенатско место во Џорџија
Буш жали за неуспехот на разузнавањето во однос на Ирак
Пакистан нуди помош во истрагата за нападите во Мумбај
Наука – раскажана, појасна, попривлечна
Хилари Клинтон – довчерашен ривал на Обама, сега негов избор за државен секретар  
Обама ја именува Хилари Клинтон за главен американски дипломат
Роберт Гејтс останува  секретар за одбрана  Video clip available
Рајс го повика Пакистан да соработува во истрагата за нападите во Мумбај
Индискиот премиер вели дека седиштето на напаѓачите не е во Индија
Претседателот Буш помилува две мисирки
САД предупредуваат за потенцијален терористички напад во Њујорк