Текстуална верзија
Пребарувај

  Теми 
САД
left_spacer
Македонија
left_spacer
Балкан
  Програма
ТВ                
left_spacer
Радио
left_spacer
Интернет
  За нас
Контакт      
left_spacer
 
Расте бројот на заразени од птичји грип во Турција


12/01/2006

Ширум југоисточниот дел на Турција, властите вршат дезинфекција на возила и делат летоци во џамиите, училниците и по улиците, предупреувајќи ги луѓето да не доаѓаат во допир со живина.  Засега единствениот начин луѓето да добијат птичји грип е преку директен допир со заразени питици. 

 

Махмут Недим Билгич, човек број два во турската опозициона партија ДИП вели дека се работи за глобално прашање.  „Треба да го сопреме грипот пред да се прошири низ светот.  Ни треба меѓународна помош“. 

 

Здравствените работници ширум светот се најповеќе загрижени дека вирусот би можел да мутира во форма што би се пренесувала од човек на човек, и тоа лесно, предизвикувајќи пандемија.

 

Поголемиот дел од случаи во Турција се во источниот дел на земјата, каде стравот се шири побрзо од вирусот.  Преку 250 лица се јавиле во болница мислејќи дека имаат грип.  Само дел од нив биле хоспитализирани поради веројатност дека дошле во контакт со заразена живина. 

 

Германија, која е најголемиот трговски партнер на Турција, ја засилува граничната контрола со цел да спречи натамошна контаминација. Германскиот министер за земјоделство Хорст Шефер вели дека најголемата опасност е незаконскиот извоз на живина и живинарски продукти.  „Затоа е најважно да вршиме контрола на ситуацијата“.  Германските погранични органи ќе ги прашуваат луѓето кои влегуваат во Германија, а особено оние од Турција, дали носат живина или живинарски производи. 

 

Растечкиот страв од птичјиот грип предизвика проблеми за германските живинари како Ерхард Милер.  „Исхраната на живината сега ме чини поскапо бидејќи морам да им давам минерали кои обично ги внесуваа чепкајќи наоколу, кога ги чувавме надвор“. 

Минатата година, германските живинари како превентивна мерка започнаа да ги чуваат грлата на затворено поради опасноста тие да се заразат од птиците-преселници.

emailme.gif Испрати по електронска пошта
printerfriendly.gif Верзија за печатење
  Главно
Клучните економски експерти велат дека САД се во рецесија

  Повеќе
Работна група на Конгресот предупредува на опасност од голем терористички напад во наредните пет години
Клучни избори за сенатско место во Џорџија
Буш жали за неуспехот на разузнавањето во однос на Ирак
Пакистан нуди помош во истрагата за нападите во Мумбај
Наука – раскажана, појасна, попривлечна
Хилари Клинтон – довчерашен ривал на Обама, сега негов избор за државен секретар  
Обама ја именува Хилари Клинтон за главен американски дипломат
Роберт Гејтс останува  секретар за одбрана  Video clip available
Рајс го повика Пакистан да соработува во истрагата за нападите во Мумбај
Индискиот премиер вели дека седиштето на напаѓачите не е во Индија
Претседателот Буш помилува две мисирки
САД предупредуваат за потенцијален терористички напад во Њујорк