Текстуална верзија
Пребарувај

  Теми 
САД
left_spacer
Македонија
left_spacer
Балкан
  Програма
ТВ                
left_spacer
Радио
left_spacer
Интернет
  За нас
Контакт      
left_spacer
 
Земјите околу Турција преземаат мерки за заштита од птичјиот грип


10/01/2006

На граничен премин со Турција, Грузијците вршат дезинфекција на возилата.  На исток, и Иран презема превентивни мерки.  Еден турски државјанин на иранско-турската граница се жали:  „Сакав да појдам во Иран, но не ми дадоа да влезам.  Велат – кај вас има птичји грип“. 

 

И Украина спроведува план против ширење на болеста од Турција, каде досега се потврдени 15 случаи на грипот меѓу луѓето.  Повеќето се деца, а две лица веќе починаа.

 

Турскиот премиер тврди дека ситуацијата сега е под контрола.  Тамошните заболени наводно се заразиле во директен контакт со живина, птици-преселници, или пак нивниот измет.  Иако грипот засега не се пренесува од човек на човек, Светската здравствена организација предупредува дека тој би можел да се видоизмени и да предизвика пандемија што би однела милиони животи ширум светот. 

 

Турските власти соопштија дека досега уништиле преку 300.000 грла живина.  СЗО наведува дека благодарение на навременото елиминирање на живина во Хонг Конг минатата година, била избегната пандемија.  Но, некои во Турција не се подготвени така лесно да се откажат од живината.  Еден турски земјоделец вели:  „Ги купивме за 400 до 500 долари, а сега ни велат дека мора да ги уништат.  Кој ќе плати за нив“ – прашува тој. 

 

Ситуацијата не е сериозна само во Турција.  Доктор Хенк Бекедам, претставник на СЗО во Кина, вели дека таму е забележан уште еден смртен случај, и тоа во област каде порано немало случаи на грип.  Досега во Кина властите потврдија осум случаи на птичји грип меѓу луѓето.

emailme.gif Испрати по електронска пошта
printerfriendly.gif Верзија за печатење
  Главно
Клучните економски експерти велат дека САД се во рецесија

  Повеќе
Работна група на Конгресот предупредува на опасност од голем терористички напад во наредните пет години
Клучни избори за сенатско место во Џорџија
Буш жали за неуспехот на разузнавањето во однос на Ирак
Пакистан нуди помош во истрагата за нападите во Мумбај
Наука – раскажана, појасна, попривлечна
Хилари Клинтон – довчерашен ривал на Обама, сега негов избор за државен секретар  
Обама ја именува Хилари Клинтон за главен американски дипломат
Роберт Гејтс останува  секретар за одбрана  Video clip available
Рајс го повика Пакистан да соработува во истрагата за нападите во Мумбај
Индискиот премиер вели дека седиштето на напаѓачите не е во Индија
Претседателот Буш помилува две мисирки
САД предупредуваат за потенцијален терористички напад во Њујорк