Текстуална верзија
Пребарувај

  Теми 
САД
left_spacer
Македонија
left_spacer
Балкан
  Програма
ТВ                
left_spacer
Радио
left_spacer
Интернет
  За нас
Контакт      
left_spacer
 
Компјутерски сценарија во случај на пандемија на птичји грип

11/05/2006

Здравствените стручњаци ширум светот бараат одговор на исто прашање – што да се прави доколку смртоносната форма на птичјиот грип Ха-5 Ен-1 мутира и прерасне во пандемија меѓу луѓето?  Од 2003-та - наваму, вирусот се прошири низ Азија, Блискиот Исток, Европа и Африка, при што умреа или беа превентивно уништени милиони птици, а над 200 луѓе се заразија, од кои половина во контакт со болни птици.  Најновата стратегија против птичјиот грип е компјутерски модел за тоа како да се забави масовното ширење меѓу луѓето. 

Научниците од Универзитетот Џонс Хопкингс подготвиле комјутерски модел за анализа на различни сценарија за вонредни состојби – ограничување на протокот на луѓе и стоки, карантини, обезбедување на залихи на лекови и вакцини.

Проектот предвидува сценарија за пандемија на птичји грип во САД и Велика Британија, користејќи информации базирани на густината на населеноста, демографијата и сообраќајот.

Според научникот Дерек Камингс, моделот покажува оти една единечна реакција не ќе може да ја сопре пандемијата.  „Откривме дека се потребни серија интервенции“, вели Камингс. 

Според сценаријата, пандемијата ќе кулминира 60 до 80 дена по откривањето на првиот случај.  Затоа, вели Камингс, затворањето на границите и ограничувањето на сообраќајот може само да го забави ширењето на грипот за неколку недели.  Тој сепак додава дека третирањето со комбинација на анти-вирални лекови и на заразените, и на здравите лица, како и затворањето на училиштата, може да ја намали заразеноста за преку 50 проценти.

Засега нема вакцина што специјално е наменета против вирусот Ха-5 Ен-1, но има мноштво вакцини за слични видови на грипот.  Тие не се толку ефикасни, но како што вели Дерек Камингс, може да помогнат во намалување на влијанието на пандемијата, во комбинација со други методи.  Камингс мисли дека најефикасна стратегија е сузбивање на проблемот уште од самиот почеток:

„Иако тоа е голем предизвик - земајќи предвид дека вирусот може да се појави каде и да е́, значи и на места со слаб систем на контрола и заштита - и САД, и Светската здравствена организација се согласни оти треба да се поддржат замјите ширум светот да го зајакнат системот на набљудување и подготвеност за брза реакција во случај на појава на вирусот“.

Американската влада минатата недела објави план со конкретни препораки до компаниите, училиштата и здравствениот систем во случај на најлошото можно сценарио.  Ентони Фаучи од Националниот институт за здравство вели дека подготовката за најлошото има логика:

„Со оглед на податоците од минатото за тоа што може да стори една пандемија на грип, би било неодговорно да бидеме неподготвени. Не да креваме паника дека дошол крај на светот - туку да внимаваме што се случува и да се подготвиме“.

Компјутерскиот модел со различни сценарија во случај на пандемија на птичји грип заеднички го изработија Катедрата за јавно здравство при Универзитетот Џон Хопкинг, Колеџот Империјал од Лондон и компанијата РТП Интернешенал од сојузната држава Северна Каролина.  Истражувањето беше објавено во журналот Нејч`р.

emailme.gif Испрати по електронска пошта
printerfriendly.gif Верзија за печатење

  Главно
Клучните економски експерти велат дека САД се во рецесија

  Повеќе
Клучни избори за сенатско место во Џорџија
Буш жали за неуспехот на разузнавањето во однос на Ирак
Пакистан нуди помош во истрагата за нападите во Мумбај
Наука – раскажана, појасна, попривлечна
Хилари Клинтон – довчерашен ривал на Обама, сега негов избор за државен секретар  
Обама ја именува Хилари Клинтон за главен американски дипломат
Роберт Гејтс останува  секретар за одбрана  Video clip available
Рајс го повика Пакистан да соработува во истрагата за нападите во Мумбај
Индискиот премиер вели дека седиштето на напаѓачите не е во Индија
Претседателот Буш помилува две мисирки
САД предупредуваат за потенцијален терористички напад во Њујорк