Глас на Америка ▪Macedonian
Вашиот прозорец кон САД

Текстуална верзија
Пребарувај

 
ОН предупредуваат дека птичјиот грип се шири побрзо од порано


10/07/2006

Женева, 10 јули 2006.  Во периодот од 2003-та до 2006-та, смртоносниот вид Ха-5 Ен-1 на птичјиот грип бил забележан во 16 земји.  Таа бројка во последните шест месеци двојно се зголемила, вели вишиот координатор на ОН за птичји грип Дејвид Набаро:

 

- Бездруго продира во нови земји со брзина што за мене и моите колеги birdпретставува натамошна и сериозна причина за загриженост. 

 

Високата стапка на смртност е уште една причина за загриженост.  Од 228 пријавени случаи на птичји грип меѓу луѓето во вкупно 10 земји, 130 веќе завршиле со смрт, вели помошникот-генерален директор на Светската здравствена организација Маргарет Чен: 

 

- За грип, ова се уништувачки размери.  Досега немаме забележано толку висок сооднос – преку 50 проценти од заболените да починат.

 

СЗО вели дека птичјиот грип се́ уште преовладува кај животните.  Луѓето се заразуваат во директен контакт со заболени птици.  Во последните неколку месеци имаше ограничени случаи на пренос од човек на човек, како во Индонезија.   

 

Иако ризикот по луѓето и натаму е минимален, СЗО сепак укажува на фактот дека вирусот би можел да мутира во форма лесно пренослива меѓу луѓето, што би предизвикало пандемија со потенцијал да починат милиони луѓе. 

 

Заменикот-генерален директор на Организацијата на ОН за храна и земјоделство Дејвид Харчарик подвлекува дека многу земји во Азија, на Блискиот Исток и во Европа го спречиле ширењето на птичји грип преку елиминирање на заболената живина, дезинфекција на областите каде се појавил грипот и вакцинација на птиците.  Кога грипот ќе прекине да се шири меѓу птиците, нема ни случаи меѓу луѓето, вели Харчарик: 

 

Swabing inside of mouth of bird- Особено загрижува ситуацијата во Африка, каде постои вистинска опасност од пандемија во неколку земји, барем на кус рок.  Една од причините е што во Африка е многу потешко да се спроведат соодветните мерки на контрола што дадоа успех во Европа и Источна Азија. 

 

Проблем е и незаконската трговија со живина во Африка, вели Харчарик, додавајќи дека преносот на птици и птичјо месо преку границите е еден од главните начини за ширење на вирусот. 

emailme.gif Испрати по електронска пошта
printerfriendly.gif Верзија за печатење
  Главно
Клучните економски експерти велат дека САД се во рецесија

  Повеќе
Работна група на Конгресот предупредува на опасност од голем терористички напад во наредните пет години
Клучни избори за сенатско место во Џорџија
Буш жали за неуспехот на разузнавањето во однос на Ирак
Пакистан нуди помош во истрагата за нападите во Мумбај
Наука – раскажана, појасна, попривлечна
Хилари Клинтон – довчерашен ривал на Обама, сега негов избор за државен секретар  
Обама ја именува Хилари Клинтон за главен американски дипломат
Роберт Гејтс останува  секретар за одбрана  Video clip available
Рајс го повика Пакистан да соработува во истрагата за нападите во Мумбај
Индискиот премиер вели дека седиштето на напаѓачите не е во Индија
Претседателот Буш помилува две мисирки
САД предупредуваат за потенцијален терористички напад во Њујорк